Превозниците бројат штети од пандемијата

од Берта Китинска

Само 3 % од превозниците работеле со полн капацитет во време на пандемијата, а сите до еден имаат намалени приходи. Корона кризата силно удри врз транспортната индустрија.Првичните бројки покажуваат пад на приходите од 30-40% , огромна неискористеност на возилата за превоз и континуиран пад на цената на превозот.Ако четвртиот пакет мерки го придвижи стопанството , велат од Асоцијацијата на транспортни превозници Макам-транс,тоа за транспортерите ќе значи поголем обем на работа и во државата и во странство и можност за добивање средства за плати.

За нас превозниците многу е важно сите мерки кои ги донесе Владата да имаат ефект врз стопантвото и неговото заживување, зголемување на потрошувачка што би значело зголемено производство или увоз на производи за широка потрошувачка , аналогно на тоа ќе има поголема потреба од возила за превоз на стоката која ќе се увезува или извезува од државата, , вели генералниот секратр на Макам-транс Билјана Муратовска.

Превозниците се задоволни од опфатот на мерките иако листата на нивни барања била подолга. Дали и колку мерките придонеле за подобрување на условите за работа на превозните трговски друштва ќе се знае откако ќе се донесат законските решенија за секоја мерка пооделно и од резултатите од анкетата која Макам транс ќе ја спроведе меѓу своите членки.

Баравме да се продолжи подршката за исплата на нето плати , субвенција на придонеси, бескаматни кредити, одложување на старите кредитни линии без да се пресметува камата, да се овозможи плаќање на рати за надоместот за плаќање на средства за регистрација на возилата ( минимум 6 месеци). Баравме и законски измени на текстот на Уредбата за распределба и дистрибуција на меѓународни дозволи ( делуно прифатено) , донесување на нов Закон за превоз со дефинирање на јсни и недвосмислени права и обврски еднакви за сите превозници без разлика дали превезуваат

патници или стока,за да се сузбие секаква нелојална конкуренција на лиценцираните превозници, вели Муратовска

Иако превозниците се соочија со забрани за влез во одредени држави, не се прекина синџирот на движење на капитал ниту се почувствува недостиг на производи за широка потрошувачка. Асоцијацијата на превозници ја одигра клучната улога во одржување на постоечките пазари, преку комуникација со асоцијациите од регионот и пошироко и преку државните органи

Имавме огромна подршка од МНР, амбасадите и Царинска Управа преку нивни дирекни преговори за промена на одлуки во поедини држави како што беше во Турција, Италија, Грција и сл. затоа што сите бевме свесни дека забрана во една држава може да предизвика забрани и во други држави, а тоа би значело уште поголеми последици по економијата на целото стопанство на европско ниво. Беше максимално тешко, но не смеевме да се откажеме.Задоволни сме од се што постигнавме во еден многу тежок и непредвидлив период кога насекаде низ Европа имавме возила со возачи кои бараа помош, ослободување од забрани, конвои, имаше и смртни случаи од сообраќајни несреќи поради замор на возачите, а ние за сите нив бевме единствениот спасител во „лудилото“ кое настана во времето на пандемија, вели Муратовска

Доколку состојбата со короната не се подобри на ниво на Европа, проблемот на превозниците ќе биде уште поголем вели Муратовска бидејќи македонските превозници со превоз меѓу државите во Европа го надоместуваат недостигот на превози во и за нашата држава и се носители на девизни приливи.

Дополнителен проблем е наплата на побарувањата за извршените превози во периодот на пандемија.Ако не се почитуваат роковите за наплата ќе се појават проблеми со одржување на дневна ликвидност и обезбедување на средства за идни превози. За да се надминат овие проблеми потребно е поголем број на превозни трговски друштва да добијат бескаматни кредити, затоа што превозот не смее да запре, ние

сме двигател на севкупниот раст и развој на стопанството, , вели Муратовска

За заштита на возачите од ковид 19 донесени се Процедури за постапување во синџирот на утовар/истовар и превоз на стока во меѓународниот и внтрешниот превоз.Возачите се изолирани во своите кабини, носат заштитна опрема а возилата се движат по заобиколници и во индустриските делови на градовите.Формирањето на Зелен канал го нормализираше превозот , се намалија колоните а застои велат од Макам-транс сеуште има за влез од Србија во Унгарија или во Хрватска. Во целиот изминат период нема никаква пријава дека некој возач има заболено од Ковид-19 додека ја врши својата работна задача.

Калина В. Стојановска

Слични содржини