Природен лек: Кантарионово масло за нега на лицето и лекување на кожните проблеми

од desk2

Маслото од кантарион е познато и под името “масло од богородична трева”, а најчесто се произведува со потопување на билката во маслиново масло.

Кантарионовото масло има бројни позитивни влијанија врз кожата, а најчесто се користи за нејзино лекување и за намалување на лузните.

Кантарионот се користи како природен лек уште од добата на старите Римјани кога најчесто се употребувал за лекување на ментални болести. Денес се препорачува да се пие чај од кантарион за смирување и како помош во ублажување на стресот.

Но, освен за природното лекување, кантарионовото масло помага и во лекување на сите кожни заболувања и тоа за сите типови на кожа – од сува и чувствителна, па сè до масна и проблематична кожа.

Придобивки од кантарионовото масло за нега на лицето

Кантарионот ја смирува чувствителната кожа, ја храни дехидрираната кожа, ги намалува брчките, ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, делува антиоксидативно, ја поттикнува обновата на кожата и има антимикробни својства.

Маслото од кантарион е едно од најдобрите масла за нега на дехидрираната, оштетена и чувствителна кожа на лицето, а токму поради тоа е и составен дел од голем број на креми за нега.

Како да го користите кантарионовото масло?

Доколку излегувате во текот на денот, посебно на сонце, не смеете да го користите ова масло бидејќи предизвикува фотосензибилност. Затоа користете го во вечерните часови, најдобро пред спиење.

Кантарионовото масло има и антиоксидативно дејство, тоа најдобро ќе ја нахрани кожата на вашето лице по изложување на сончевите зраци. Пред спиењето, нанесете тенок слој масло од кантарион на лицето за да ја вратите хидратацијата на кожата и да ја спречите појавата на брчки кои се предизвикани од сонцето.

Слични содржини