Приведен дилер од Скопје, му пронашле марихуана

од Берта Китинска

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, дополнуваат оттаму.

Слични содржини