Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово

од Vladimir Zorba

На 20.08.2022 на Граничен премин „Долно Блаце“, по претходно распишан централен распис од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода Б.М.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ.

Имено, по преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С..

ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител поднесе кривична пријава по чл.288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини