Приведен криминалец по распишана потерница за издржување на затворска казна

од Берта Китинска

На 21.06.2021 на подрачјето на Центар полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги го лишија од слобода Д.П.(27) од Скопје, кој се барал по распишана централна потерница за издржување на затворска казна.

Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната за извршени кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и разбојништво.

Слични содржини