Приведен криумчар на мигранти

од Vladimir Zorba

Денеска околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР  Југ- ПС за ГП и ГН  Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од село Студеничани, затоа што превезувал мигранти.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за шест лица од Кина.

-На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош. Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението.

Слични содржини