Приведен папагал кој ги предупредил дилерите дека дошла полицијата

од desk2
296 прегледи

 

Полицијата во Бразил оваа седмица привела папагал кој наводните дилери на дрога ги предупредил дека доаѓа полицијата.

Наводно рекол: „Мама, полиција“.

Според извештаите на локалните медиуми, птицата е научена да предупредува од полициски операции.

Папагалот кој не е именуван, запленет е во понеделникот попладне во рација организирана за криумчарење дрога.

„Сигурно беше обучен за ова. Штом дојде полицијата, почна да вика“, вели еден полицаец.

Бразилски новинар кој во вторник се соочил со затворениот папагал, го опишал како „суперпослушно“ животно кое не проговорило ни збор за време на апсењето.

„Досега не испушти ни глас. Потполна тишина“, вели тој.

https://www.youtube.com/watch?v=0PHWDUgVLa4

Локален ветеринар, потврди дека папагалот не соработувал.

„Многу полицајци дојдоа и не рече ништо“, вели ветеринарот.

Папагалот е предаден на зоолошка градина, каде следните три месеци ќе учи да лета, а потоа ќе биде пуштен во дивина.

И покрај предупредувањето, дилерите се фатени.

Слични содржини