Приведени 18 лица, опоменати 74 лица поради непочитување на полицискиот час

од Берта Китинска

Осумнаесет лица се приведени поради одбивање да ги почитуваат мерките, колку што ќе бидат и казнети, а 74 добија опомени во првата ноќ под полициски час во Македонија.

Полициски час

Најмногу лица (шест) биле приведени во Кичево, пет во Тетово, по двајца во Гостивар, во Куманово и во Радовиш и едно во Штип.

Состојбата на терен, како што истакнал министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, е мирна и најголемиот дел од граѓаните ја почитуваат одлуката на Владата.

Според министерот Чулев, со силна меѓусебна поддршка можеме заеднички да придонесеме во борбата против вирусот, кој е заканата за нашето здравје и нашите животи, и апелира до граѓаните да останат во своите домови, за себе за своето здравје и за својот живот.

– Министерството за внатрешни работи вечерва ќе постапи превентивно, односно ќе ги предупреди граѓаните кои го прекршуваат ограничувањето на движењето, а веќе во текот на утрешниот ден полициските службеници ќе преземаат мерки за санкционирање на граѓаните, истакнал Чулев при вчерашната посета.

Слични содржини