Приведени четири лица кои шестпати краделе од земјоделски комбинат

од Nikola Popovski

На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични содржини