ПРИВЕДЕНИ НОВИНАРИ И ПОЛИТИЧАРИ: Повеќе од 100 уапсени за време на протестите во Белорусија

од Vladimir Zorba

Повеќе од 100 лица денеска беа уапсени за време на протестот на белоруската опозиција, објави Центарот за човекови права „Весна“.

Списокот на притворени постојано се ажурира и сега на него има 103 имиња, пренесува ТАСС.

Неколку новинари и опозициски политичари се меѓу приведените.

Претходно денес полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа на улиците во Минск.

Протести во Белорусија се одржуваат уште од претседателските избори одржани на 9 август, кога според официјалните податоци победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, додека опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Слични содржини