Приведени Срби на Газиместан: „Косовската полиција не тепаше и ни говореше дека ова е нивно“ (видео)

од Nikola Popovski

По парастосот во Газиместан, при напуштањето на меморијалниот комплекс, две момчиња од српска националност,Воислав Симиќ и Стефан Трајковиќ, биле приведени затоа што носеле српско знаме.

Стефан Трајковиќ за РТВ Ким изјавил дека до инцидентот со полицијата дошло затоа што тие не сакале да им го предадат српското знаме.

„Кога тргнавме накај дома, Воислав го имаше знамето во рака. Еден полицаец му пријде и го замолил да го тргне знамето. Кога ги видов како се борат за знамето, отидов накај нив, за да го одбранам другарот и да не им дозволам да го земат знамето. Потоа ситуацијата се смири и тие не го зедоа знамето. Но, дојдоа специјалните косовски сили и физички не совладаа, добивме неколку удари и нè ставија во автомобил. Цело време ни зборуваа дека ова е нивно, нема што да бараме тука“, изјавил Трајковиќ.

Тој рекол дека полицијата ги претепала во автомобил, а потоа ги исфрлила на автопатот Приштина-Митровица, недалеку од Газиместан.

По прегледот во здравствениот дом во Грачаница биле упатени на хирургија.

„Бев прегледан од доктор, чувствувам дека грбот сè повеќе ме стега и дека не можам да дишам,  ќе видиме што ќе ни кажат на хирургија“, рекол Трајковиќ.

Слични содржини