Приведено лице од скопско за издржување казна затвор од три години

од Берта Китинска

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера, во 16.45 часот во с.Семениште, Општина Сарај, го лишиле од слобода М.А.(67) од с.Семениште.

Како што соопшти МВР, М.А. бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Слични содржини