Пробиени роковите за притворот на Груевски,Јанкулоска и Јанакиески, сајтот на судот паднат

од desk2

Уште нема одлука за барањата од Специјалното јавно обвинителство да им се одреди мерка притвор на експремиерот Никола Груевски и на останатите четворица негови блиски соработници за злосторничко здружување и повреда на избирачкото право во случајот „Титаник“.

Веб страната на Врховниот суд, а со тоа и на Основниот суд Скопје 1 е падната веќе два часа, а на претседателот Стојанче Рибарев мобилниот телефон му е исклучен. Оттаму, останува мистерија зошто за повеќето од обвинетите од СЈО за кои се бараа мерки за присуство и за претпазливост кривичниот совет одлучи за околу 24 часа, а за „Титаник“, во кој се бара притвор за Груевски, Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, е пробиен законскиот рок за одлука од 24 часа и зошто нема одлука ни по 58 часа од поднесувањето на обвиненијата против нив.

Неофицијално, судската достава не можела да ги најде обвинетите. Се додека не им бидат доставени одлуките прво ним, велат за САКАМДАКАЖАМ од Кривичниот суд, јавноста нема да ги дознае прва./SDK

Слични содржини