Актуелно
Почетна / Актуелно / Продолжи изрекувањето на пресудите во Хашкиот суд

Продолжи изрекувањето на пресудите во Хашкиот суд

Во Хашкот трибунал за воени злосторства попладнево продолжи читањето на пресудите на групата босански Хрвати обвинети за воени злосторства, откако Судот претходно ја прекина работата поради самоубиството на генералот Слободан Праљак.

Судијата Кармел Аџијус изјави дека осудениците имаат право на јавно читање на пресудата и дека тој е принуден да продолжи со рочиштето и покрај самоубиството на генералот Праљак, поранешен началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана.

Судот ја потврди пресудата од 20 години затвор на Праљак, на што тој изјави дека „не е воен злосторник“ и дека ја презира правдата на Трибуналот, по што испи течност од мало шишенце за кое рече дека содржи отров. Набргу потоа, хрватските медиуми јавија дека Праљак починал во болница.

loading...