Уште триесетина земјотреси со епицентри кај Драч, во Албанија, се регистрирани досега по силниот потрес утринава во 2:54 часот со интензитет од 6,4 според Рихтер.
Според извештаите на албанските медиуми, во потресите животот го загубиле најмалку шест лица, а над 300 се повредени. Причинета е и голема материјална штета.
Најсилниот од серијата земјотреси беше почувствуван и во Северна Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени во источните делови на земјава.
Earthquake a few mintues ago live on TV#Albania #earthquake pic.twitter.com/Nsrtk7uv3I
— Igli Lime🇦🇱 (@IgliLime) November 26, 2019