Продолжува судењето за „Насилство во Центар“

од Vladimir Zorba

  Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Според новиот распоред на судиите предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов. Претходно, „Насилство во Центар“ беше кај судијката Татјана Михајлова, која од овој месец суди во Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.

Слични содржини