Продолжува судењето за организаторите на настаните од „27-ми април“

од Nikola Popovski

Денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се товарат за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични содржини