22
Продолжува судењето на обвинетите за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годшнаа Вања Ѓорчевска од Скопје.
Денес во Кривичниот суд обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, а Александар Ѓорчевски ќе ги слушнат сведочењата на двајца полицајци од СВР Велес, а доколку не дојдат или ќе се испитува обвинетиот Велибор Манев или ќе се изведуваат материјалните докази со кои ќе се брани првообвинетиот Палевски.
На првото одржано рочиште сите обвинети се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.