Проектиран филмот „49.172“ по повод 80-годишнината од спасувањето на околу 50.000 бугарски Евреи

од Vladimir Zorba

По повод 80-годишнината од спасувањето на околу 50.000 бугарски Евреи од заканата за депортација во нацистичка Германија за време на Втората светска војна, денеска во Скопје беше проектиран филмот „49.172“.

Филмот ја следи драматичната приказна за спасувањето на бугарските Евреи, раскажана од преживеаните сведоци на настаните.

На проекцијата присуствуваше и Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов.

Амбасадорот рече дека во филмот станува збор за сите спасени Евреи од страна на Бугарија и изрази задоволство што добриот чин на земјата бил преточен во видео. Како што рече тој, „историскиот добар акт на државата кон Евреите треба да биде пример за солидарност, емпатија и толеранција за во иднина“.

На филмот беа претставени архивски документи, филмска и аудио архива. За снимањето на „49.172“, авторите добиле пристап до владините и приватните архиви во Соединетите Држави, Израел и Бугарија, вклучувајќи ги и музејот на Стивен Спилберг и Музејот на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим.

Филмот е бугарско – израелско – американска продукција на режисерот Пламен Петков и продуцентот Атанас Колев. Сценарист е професорот Владимир Игнатовски.

Слични содржини