Проф. Секирарска: Дигиталната форма на учебниците е чекор напред, но мора да се подготви теренот и да се биде внимателен

од Nikola Popovski

„Околу новата форма на учебниците, ова е сигурно чекор напред. Генерално мене ми се допаѓа, но би сакала прво да видам барем еден учебник како пилот-модел да биде понуден“, вели професорката Елизабета Секирарска, за емисијата „Утрински брифинг“, за новиот дигитализан модел на учебниците, кој ќе се воспостави во училиштата.

Според нејзините зборови и тоа што го изјавија од МОН, прво, второ и трето одделение се уште ќе имаат хартиена форма, а четврто и средните ќе имаат дигитална форма.

„Сепак, можеме да го земеме ова со резерва дека е чекор напред, да држиме чекор со новите дидактички постапки во светот, но меѓутоа мислам дека треба да позабавиме малку и да се отворат многу прашања дали сме подготвени за такво нешто, односно дали сите би имале пристап до Интернет. Сепак треба да се биде внимателен и да се подготви теренот. Една од резервните опции би била хартиена форма на овие учебници“, изјави Секирарска.

Слични содржини