Професори предупредуваат:„Бојкотот на матурантите негативно ќе се рефлектира врз знаењето“

од Берта Китинска

Матурантите не се откажуваат од бојкотот на наставата, а Министерството за образование останува на ставот дека матурските испити ќе се полагаат онака како што веќе е утврдено.

-Моето дете учи во средно гимназиско училиште и е дел од протестот. Иако на почетокот беа поддржувани од страна на нивниот класен раководител, ситуацијата сега се измени. Последниве неколку дена тој апелира до децата да се приклучат на онлајн наставата и да не ја бојкотираат бидејќи веќе започнато е да се запишуваат изостаноци во дневниците, вели И.П родител на матурант од Скопје.

Подделени се и ставовите кај професорите во средните училишта. Но, повеќето од нив за изнесените јавни ставови сакаат да останат анонимни поради политичко поврзување.

-Најголем проблем во нашиот образовен систем се секако реформите кои изминатите години се спроведуваат во образованието, а се половични, недоследни и имаат многу недостатоици.Тоа секако говори за фактот дека одлуките се избрзани, но и дека МОН не ги консултира просветните работници во коорелација со учениците што е најдобро за образовниот процес да оди по нагорна линија, вели професорка од средно училиште.

Таа додава дека потребно е да се сменат работите кои не даваат резултат, но и да останат оние идеи кои покажале позитивни резултати.

-Таква е и ситуацијата со полагањето на државната матура.Јас како професор во средно училиште не го поддржувам бојкотот на матурнтите, прво затоа што причините за бојкот од страна на Средношколскиот сојуз има многу недоследности.Исто така поголемиот број на ученици од четврта година на ниво на цела држава кои бојкотираат не ги знаат точно причините за бојокотот. Единствено што ги интересира е губењето на часовите, односно отсуството од настава, која на крајот негативно ќе се рефлектира на нивното знаење.Тоа се покажа и при првиот бојкот кој беше на крајот на првото полугодие, вели таа.

Професорката објаснува дека причината за бојкотот кој го најавиле матурантите на стартот на второто полугодие е дијаметрално различен  од бојкоток кој го реализирале на крајот на првото полугодие.

-Причината за првиот бојкот беше да не се полага државна матура, додека причината за вториот бојкот е да се намалат предметите за полагање од четри на два, како што беше реализирана програмата за полагање на државната матура изминатите години.Како тестатор за полагање на државна матура ве уверувам дека учениците немаат потешкотии да ги положат предметите  затоа што темите се изучуваат во изминатите четри години.Државната матура не е задолжителна, со што отвара можност учениците кои не сакаат да го продолжат своето образование  по завршување на средното образование не мора да полагаат државна матура.Кратко и јасно, објаснува професорката.

Од друга страна таа вели дека не можеме правото на останатите ученици кои сакаат да го продолжат своето образование во нашата држава, но и во некои од престижните универзитети надвор од нашите граници да им го скратиме, бидејќи државната матура е неопходна за упис на факултет било каде и да се одлучат матурантите да го продолжат своето образование.

-Ставот на Средношколскиот сојуз го почитуваме како просветни работници, секогаш сме на страната за доброто на учениците, но начинот на кои ги бараат измените  е не  оправдан.Ме растажува фактот дека во нашата држава некој ги користи младите како алатка за реализира лични цели.Не се сомневам дека доколку Средношколкскиот сојуз направеше подлабоки анализи за целокупната ситуација околу државната матура нивниот став ќе беше дијаметрално различен од досегашниот, вели таа.

Во однос на тоа дали постои можност сега да се изменат правилата за полагање на матура, професорката вели дека доколку постои волја од страна на МОН се може да се реши.

-Секако дека постои можност да се изменат правилата околу полагање на државната матура.Доколку постои волја од страна на МОН се може да се реши.Да не заборавиме дека МОН и  ние како просветни работници, сме сервис на учениците и треба да работиме во интерес на нив, објаснува професорката.

93% од матурантите пријавиле дека ќе полагаат државна матура

„Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети. Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците“, соопштија од МОН.

Имено, во С.Македонија има 16.500 матуранти кои го завршуваат четиригодишното средно образование. Од нив, 15.000 односно 93% се пријавиле да полагаат државна матура.

Бојкотот продолжува

Бојкотот на матурантите организирани од Сојузот на средношколци продолжува и во наредните денови. Како следен чекор ќе побараат пратениците да ги слушнат нивните предлози на јавна расправа во законодавниот дом.

Додека дел од нив продолжуваат со бојкот на наставата,министерката за образование Мила Царовска е одлучна дека матурските испити ќе се полагаат онака како што е утврдено – четири предмети со скратена програма, наместо два, како што бара Сојузот на средношколци. Според Царовска не се точни информациите дека над 70% од матурантите го бојкотирале стартот на второто полугодие, туку станува збор за изолирани случаи. Вели бојкотот е неоправдан, а секој изгубен час според Закон треба да се надомести.

Б.М

Слични содржини