Многу е тешко да се најде статистика по ова прашањето. А дури и кога имаме некакви податоци е тешко да се процени кривичната одговорност. Проблемот е нејасен. Потребни се сериозни студии за да знаеме каква е состојбата на нештата.

Самата јас сум собирала многу новинарски студии со информации, која се совпаѓа во голема мера со извезени факти во други земји, вклучувајќи ги и оние придружени со судски протоколи, вели експертот Аса Паскалева на една интересна трибина околу шверцот со органи во Софија. Очигледно проблемот постои, но немаме јасна претстава за нејзината големина, карактер и за засегнатите луѓе. Трговијата со луѓе за телесни органи обично е дел од криминална ланци Истовремено, сепак, има медицински работници, лекари, кои знаат за што станува збор. Бидејќи тие имаат листи на чекање за трансплантација на органи и тие се оние кои даваат прва помош поради компликации на луѓе кои добиле органи од странство. Но доверливоста на односот помеѓу доктор и пациент е сериозна бариера за откривањето на случаите. Вистината е дека допрва почнуваме со учењето на проблемот.
Почнавме со случаи кои стигнале до суд и пресуда, но тие не се во Бугарија, туку во Јужна Африка, во Косово и во други земји. Тие ни ја даваат основата за да ги поврзуваме сведочењето на Бугари кои биле во контакт и се сторители на такви злосторства. Обично операциите за трансплантирање на одземени органи се вршат во трета земја, различна од онаа на примачот и на жртвата. Често донаторите на органи се од Индија, Пакистан, Египет, Молдавија, Романија. За Бугарија нема доволно силни докази и документација кои да ни дозволат да ја ставиме во овоаа мрачна листа. Но вообичаена нишан во овој поглед се земјите со воени конфликти и војни. Украина е дефинитивно една од нив, за која се знае дека таму се случува оваа валкана трговија, како и во Косово – таму информациите се многубројни особено поврзана со затвореници. Не е исклучок политичари и претставници на органи на редот да бидат вмешани во каналите и трговијата со луѓе со цел одземање на органи. Ова е многу скап бизнис и според податоците на институти во САД профитот од него се движи од 600 милиони. долари до 1.5 милијарди долари годишно. Многу е тешко да се утврдат точните суми, бидејќи овој вид на активност е исклучително прикриена.
Нашиот центар сеуште не се занимавал со истражувања во Бугарија за тоа колку лица, на која возраст, како, каде се исчезнати, колку се децата меѓу нив. Не е лесно да се признае, но такви студии се голема реткост и во Европа. Јас знамсамо за еден проект до сега, кој се занимавал со доказите, со документи и декларирани слични злосторства во Европа. Тој беше директно финансиран од ЕК, со наслов НОТ што е акроним за борба против трговијата со луѓе со цел одземање на органи. Бев дел од научниот колектив и за фактите можам да гарантирам за нивната веродостојност.
Косово
Проектот тргна во 2013 година и заврши неодамна, во 2015 година со поддршка не само од ЕК, но и од Европол, и од Европското здружение за трансплантација на органи. Утврдивме дека има случаи во кои Европејците добиваат органи од други земји, но, за жал, проблемот не е вистински сфатив. Претставниците на медицинската професија имаат огромна одговорност за тоа. Постојат навистина обиди да се дојде до суштината на проблемот, како во Косово, на пример. Сигналот за таму дојде од Советот на Европа и ЕК емитуваше специјален обвинител кој требаше да истражува, но на крајот од групата осомничени сите не се осудени. Двајца од странските хирурзи кои оперирале во клиниката Медикус во Приштина, до ден-денешен не се одговорни, иако има сериозни докази против нив и тие се на слобода.
Гледаше колку сме слични со случаи во Јужна Африка – докази има, но не со сите се добиваат конечни пресуди . Пречка се моќниците , молкот за нивната вмешаност во овие операции, бидејќи добиле пари, а има и страв, има работа и заработувачка , а од друга страна примателите добиле орган и живот што ги тера да се скријат во анонимност.
Знам дека темата секаде е особена чувствителна. Не можеш да ги смириш родителите на исчезнатите деца, без разлика дали зборуваме за трговија со луѓе за органи или од други причини. Но мојот впечаток од истражувањето е дека и покрај огромниот црн пазар, случаите не се толку многу, ама се бара премногу строга организација. Постапката не е рутинска, треба строга координација на луѓе и средства. Цели медицински екипи се ангажирани, врзани се со лаборатории, често дури и не станува збор за замрзнување, туку за директна трансплантација на лице место, со учество истовремено на донаторот и на примачот. ЕУ е сериозно загрижен поради проблемот со трговијата со луѓе за одземање на телесни органи, затоа финансира и проектот во кој учествував и мислам дека колку повеќе се дава публицитет на оваа тематика, тоа ќе помогне за побарувачката на одлуки и стрегии за ссанкции.
Аса Паскалева, извршен директор на Бугарскиот центар за биоетиката.