Почетна / Бизнис / Прогласени „Топ 100“ најголеми, најмоќни и најуспешни компании

Прогласени „Топ 100“ најголеми, најмоќни и најуспешни компании

Компанијата „Варадар Доломит“ е прогласена за најуспешна компанија за 2018 година во изборот „Топ 100“ што го направи Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), додека пак меѓу најдобрите пет влегоа и компаниите Алма М, Кипер маркет, Нептун и Даути комерц.

„По деветти пат ги наградуваме најголемите, најсилните и најуспешните компании. Топ 100 е доказ дека СКСЗМ е порасната од аспект на членство, услуги, активности и проекти и оти е етабилрана како релевантна институција. Почневме со институционална поддршка и со донации од УСАИД и ЕУ, а денес сме институционален партнер. Нашите бизниси имаат големо влијание во економијата на земјата“, порача претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа во своето обраќање на доделувањето на наградите.

Според него,  членките на комората лани оствариле годишен обрт од околу 763 милиони евра и вработувале 8.752 лица или за 590 повеќе од претходната година. Во 2018 година оствариле нето профит од 57 милиони евра, односно осум милиони повеќе од 2017 година, и инвестирале 42 милиони евра или за 22 милиона евра повеќе од претходната година.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев растечките и успешните компании ги нарече херои на економијата.

„Тие се генераторот на економијата. Како Влада уште од почетокот на нашиот мандат се обидуваме економијата да биде генерирана од реалниот сектор, а не од државата и владата, бидејќи само на тој начин може да биде одржлива на долг рок. Во таа насока е и мерката за изедначување на домашните со странските компании, односни сите компании во државата да ги сметаме за домашни и да им нудиме исти услови за работа и на ист начин да бидат поддржани, рече Анѓушев.

Годинава, како што кажа, веќе се потпишани нови 120 договори за поддршка со дмашни компании од кои се очекува инвестиција од околу 230 милиони евра во следниот период. Домашните компании што се поддржани со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, подвлече, лани имаат инвестирано 180 милиони евра и вработиле над 1.500 лица само во 2018 година, а се предвидува да запослат околу 4.500 луѓе по цеосната реалзација на нивниот бизнис план.

Извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени, потенцираше дека промовирањето на претприемништвото е стратешки приоритет на СКСЗМ.

„Денеска ги претставуваме успешните приказни – нашите претприемачи кои немаат лимити во мислењето и знаат да ги искористат можностите што им се нудат на домашниот и на странските пазари. Тие се на чело на иновативни компании кои се пристуни и на глобалниот пазар и сигнализираат  дека треба да се поедностават бирократските постапки и да има рамноравен развој во земјата“, рече Исени.

 

loading...