Прогласување на Цоцев Камен за софистицирана праисториска мегалитска опсерваторија

од Vladimir Zorba
218 прегледи

download-2

– Светската академија за карпеста уметност денеска ќе го промовира завршениот проект посветен на мегалитите во Македонија и ќе информира за прогласувањето на локалитетот Цоцев Камен за софистицирана праисториска Мегалитска опсерваторија од страна на Националниот центар за научни истражувања во Франција.

Преку проектот јавноста првпат ќе се запознае, преку слика и текст за богатата мегалитска култура на територијата на Македонија од неолитот до новата ера, со што Македонија ќе биде на светската мегалитска карта.

На настанот ќе зборува Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност и основач на Светската академија за карпеста уметност, кој е  пензиониран универзитетски професор по палеолингвистика на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Слични содржини