Кино Фросина
11:00 Помош, ја смалив учителката
режија Свен Унтервалд | Детска програма
Единаесетгодишниот Феликс ја смалува неговата омразена училишна директорка, д-р Шмит-Гесенвајн, во големина од петнаесет центиметри. Феликс, заедно со другарка му Ела, мора да ја врати во нејзината нормална големина, додека неговиот ривал Марио се обидува да го спречи во тоа.
http://cinedays.mk/mk/pomosh-ja-smaliv-uchitelkata/

13:00 Помош, си ги смалив родителите
режија Тим Трагесер | Детска програма
Во продолжението на германската комедија, „Помош, си ги смалив родителите“, овој пат мајката и таткото се оние што ќе бидат смалени во џебна големина.
http://cinedays.mk/mk/pomosh-si-gi-namaliv-roditelite/
19:00 СКРШЕНО
режија Едмонд Будина | МК во ЕУ програма
Осумнаесетгодишното затворско јадосување не е ништо во споредба со неблагодарноста покажана од најблиските и најдрагите лица, кои трансформирани од трката за профит заборавиле дека разорувањето на душата и уништувањето на околината, пред сѐ е самоуништување.
http://cinedays.mk/mk/skrseno/

21:00 Црни и криви
режија Марко Џамбазоски | Кратки филмови
Црни и Криви се двајца не многу паметни пријатели. Еден ден остануваат без пари и пиво, па решаваат да ограбат продавница, употребувајќи играчки пиштоли и детски маски, но нивното потпросечно ниво на интелигенција ќе ги доведе до многу пречки.
http://cinedays.mk/mk/crni-i-krivi/
21:15 You’ll never walk alone
режија Андре Шафер | Музички документарни филмови
You’ll Never Walk Alone ја раскажува приказната за една песна што стана пример за глобална народна песна. Секој викенд, стотици илјади фудбалски навивачи ја пеат на стадионите низ светот. Но, кој знае дека корените на песната нѐ водат во Будимпешта во годината 1909 – до еден млад драматург и драма наречена „Лилиом“? Ќе го искусиме одново патешествието на песната, која тргнала оттаму и ќе се внесеме во разните различни светови: софистицираните и уметничките социјални кругови на Хабсбуршката империја, екстравагантноста на Берлин во 20-те, сјајот на Холивуд од 40-те и 50-те, работничката класа од Ливерпул во 60-те и глобалната фудбалска навивачка култура.
http://cinedays.mk/mk/youll-never-walk-alone/

Кино Милениум
15:00 Зајдисонце *реприза
режија Лазло Немес | Гала селекција
Дејството е сместено во Будимпешта во 1913 г., кога градот се сметал за срце на Европа. Драмата ја следи дваесетгодишната Ирис Лејтер, која пристигнува во унгарскиот главен град, откако помладите години ги минала во сиропиталиште, во надеж дека ќе работи како модистка во легендарната продавница за шапки што им припаѓала на нејзините покојни родители. Таа одеднаш е соочена со нејзиното минато и почнува да бара одговори за нејзиното семејство, при што наидува на мрачни тајни.
http://cinedays.mk/mk/zajdisonce/
17:30 Човекот што го уби Дон Кихот *реприза
режија Тери Гилиам | Гала селекција
Тоби, циничен маркетинг директор, ќе се најде заробен среде скандалозната заблуда на еден стар шпански чевлар, кој верува дека е Дон Кихот. За време на нивните комични и значително надреални авантури, Тоби е принуден да се соочи со трагичните последици на еден филм што го снимил за време на својата идеалистичка младост – филм што засекогаш ги променил надежите и соништата на едно малечко шпанско село. Дали Тоби може да се искупи и да си ја поврати човечноста? Дали Дон Кихот може да ги преживее своето лудило и неизбежната смрт? Или љубовта ќе победи сѐ?
http://cinedays.mk/mk/chovekot-shto-go-ubi-don-kihot/
20:00 Студена војна
режија Павел Павликовски | Гала премиера
Филмот зборува за страсната љубовна приказна помеѓу двајца луѓе, кои поради нивното различно потекло и карактери на прв поглед делуваат неспоиво, но сепак се судбински предодредени еден за друг. Сместен во времето на студената војна во педесеттите години на минатиот век во Полска, Берлин, Југославија и Париз, филмот опишува една невозможна љубов во невозможни времиња.
http://cinedays.mk/mk/studena-vojna/

22:30 Куќата што ја изгради Џек
режија Ларс вон Трир | Гала премиера
САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.
http://cinedays.mk/mk/kukjata-shto-ja-izgradi-dzek/

Џебно кино
20:00 Насмевка
режија Стефан Кохн | Eye on films програма
Деветнаесетгодишната Мерцедес нема некакви поголеми цели во животот, освен тоа што има еден голем сон: да оди на легендарниот музички фестивал Хајман. Таму, таа не е единствената што трага по пријателства и искуства што ќе ѝ го променат животот. Исто така сака да го запознае и Бој, диџеј со кого комуницира преку Фејсбук. Откако ќе пристигне на фестивалот, набрзо открива дека Бој веќе присуствува на тајна бекстејџ забава, каде што ќе пушта музика – забава за која е потребна златна алка за влез… Кога еден вработен на фестивалот облечен како Фаун ѝ нуди една од сеприсутните таблети на среќата, Мерцедес најпосле ги прифаќа правилата на играта.
http://cinedays.mk/mk/nasmevka/
22:00 Аудиција
режија Милош Форман | Ретроспектива: Милош Форман
„Аудиција“ со состои од два кратки филма што беа објавени заедно како еден игран филм. Првиот дел „Ако немаше музика“ содржи кусо анегдотско сиже за двајца млади музичари од ривалски дувачки бендови. Обајцата млади мажи претпочитаат да гледаат мото-трка одошто да свират концерт со нивниот бенд.
Вториот дел насловен како „Аудиција/Натпревар на таленти“ е лажен документарец за аудиција во прочуениот чешки театар Семафор. Оваа едноставна приказна ни зборува за една млада педикерка, која сака да си замине од работа за да учествува на аудицијата. За да го реши проблемот, лаже дека ја викнале.
http://cinedays.mk/mk/audicija/
23:00 CINEMUSIC
ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР
Ве покануваме на целовечерен настап на наградуваниот и вреднуваниот, гордоста на МКЦ – „ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР“.
Вечер насловена „JazzToVoice“, каде што ќе имате уникатна можност да го видите и слушнете „Женскиот младински хор“ во едно поинакво издание.
Со бенд во придружба, составен од: Кирил Туфекчиевски – контрабас, Гордан Спасовски – пијано, Виктор Филиповски – удиралки, низ вечерта ќе нѐ води г. Ален Хаџи-Стефанов, диригирано од Маестро Сашо Татарчевски.
Влез СЛОБОДЕН!
http://cinedays.mk/zhenski-mladinski-hor/
