Променливи часови: не, нема да спиете еден час подолго

од desk4
102 прегледи

“Le Parisien” презентира истражувањето спроведено од страна на производителот на часовници и сродни медицински помагала “Withings”, што покажува дека при преминување кон зимно сметање на времето, зголемувањето на времето за спиење е незначителна, спротивно на прифатените сфаќања.

Кој не чул за преместување на стрелките на часовникот кон зимското  време: “Ќе можеме да спиеме еден час повеќе”? Дури и идејата е заводлива, ама за жал тоа не евистина. Ова е резултат на студијата со темелни констатции. Кога ги движиме нашите часовници еден час назад во текот на ноќта во сабота до недела, компанијата го анализирала спиењето на 30.000 свои клиенти. Ги користела податоците собрани преку нивните  часовници и други поврзани уреди активирани за време на будењето.

Што покажуваат тие?

Во просек, Французинот спие само четвртина час подолго во сабота од недела, кога одиме на зимско време. Јасно е дека кога некој обично ќе стане во 9 часот, тој ќе ги отвори очите оваа недела наутро во 8:15 часот. Но, во главата ќе биде 9:15. “Ова покажува дека телото има” меморирано “летно време”, вели Одри Рампазо, маркетинг менаџер за Франција.

“Навистина не ни треба дополнителен сон, па ние се будиме. ” Треба да се забележи дека бројките покажуваат мала родова нееднаквост, бидејќи жените добиваат само 14 минути повеќе сон додека мажите можат да уживаат уште три минути спиење. Ако сакате да го балансирате просекот, немојте да се двоумите да го “извадите” вашиот сопруг од креветот. И да му ја префрлите вината за негово брутално будење за промена на часот.  Тоа е тоа природниот внатрешен сметач на времето не се поместува.