Променливо облачно, од вечер обилни врнежи

од Nikola Popovski
219 прегледи

Во Македонија утрово ќе преовладува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во Скопје времето ќе променливо облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец.

Температурата во главниот град ќе достигне до 16 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни (од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер (над 70 км/час).

Слични содржини