Променливо облачно, попладне се очекува дожд

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Утринската температура ќе биде од 5 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Слични содржини