Промоција на проектни активности на Транспаренси Интернешнл – Македонија

од Radmila Tasevska

На 7-ми февруари 2024 во Свети Николе беше одржан настан за промоција на проектните активности на Транспаренси Интернешнл- Македонија. Претставници на организацијата одржаа работни средби со организации од Свети Николе и поставија штанд на градскиот плоштад на кој одржаа средби со граѓаните.

Со Организацијата на жени од Свети Николе се одржа средба на која се разговараше за активностите поддржани од страна на оперативните грантови од Смарт Балканс програмата, финансирана од Кралството Норвешка. Беа презентирани и наодите од Националниот систем на интегритет, анализа подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција “, финансиран од Европска Унија и Владата на Швајцарија.

Граѓаните имаа можност преку Канцеларијата за правна помошимаа да пријават корупција и неправилности во институциите. Тимот од канцеларијата постави штанд на кој граѓаните се информираа за активностите. Канцеларијата за правна помош е воспоставена преку проектот: „Промовирање на активно учество на граѓаните за борба против корупцијата во Југоисточна Европа“, финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Франција во Северна Македонија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Беше промовиран и проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борба против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, поддржан од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Организацијата и во следниот период ќе продолжи со промоција на своите активности на локално ниво.

Слични содржини