Промоција на „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ од Божин Павловски

од Марта Пешевска
212 прегледи

Во книжевниот салон на „Матица македонска“ вечер од 19 часот ќе биде промовиран новиот роман на академик Божин Павловски – „Мемоари на задоцнетиот романтичар“.

– На страниците од своето најново романескно дело, познатиот писател како на филмско платно ги отсликува политичките, економските и културните процеси што се случувале во нашата држава во последните четири децении на минатиот век, соопшти „Матица“ за книгата на Павловски која ќе ја  промовира  проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска.