Пронајдено безживотно тело на скопјанец во стан на Бит Пазар

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера попладне било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во сопствениот стан бил пронајден починат Ш.Х.(60).

Од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт.

Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено во Институтот за судска медицина, за обдукција.

Слични содржини