Пронајдено телото на поранешната катарска принцеза Касија Галанио

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанската полиција го пронашла телото на поранешната принцеза на Катар, Касија Галанио (46) во кревет во нејзиниот стан во Марбела, Шпанија, соопштија денеска властите.

Полицијата отишла во куќата на Галанио во неделата откако добила повик од една од нејзините ќерки во Франција, која рекла дека нејзината мајка не возвраќала на повиците, изјавила портпаролката на полицијата во провинцијата Малага, пренесува АП.

Полицијата со помош на чуварот на станбениот комплекс влегла во куќата и ја пронашла Галанио во кревет, а на телото немало траги од насилство, додала портпаролката која побарала да остане анонимна.

Слични содржини