Пропуст или понижување: Дуда чекаше со часови за да разговара само 10 минути со Трамп

од Nikola Popovski
144 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда отпатува за Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во саботата, на маргините на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC). Меѓутоа, средбата која требаше да ги потврди блиските односи меѓу двете земји се претвори во непријатна сцена на чекање, бидејќи Дуда чекаше час и половина пред вратата на Трамп за само десетминутен разговор.

Иако Дуда по средбата изјави дека добил гаранции дека Трамп нема да ги повлече американските војници од Полска, останува прашањето дали неговото патување воопшто е оправдано. Трамп го спомнал Дуда за време на неговиот говор на „CPAC“, но, многумина се прашуваат дали полскиот претседател заслужува повеќе од кратка протоколарна средба, со оглед на придонесот на Полска во НАТО и блиските врски со Вашингтон.

Администрацијата на Трамп постојано ја пофали Полска за трошењето на 4,7 отсто од БДП за одбрана, што е највисок процент во НАТО, иако Трамп инсистира сојузниците да го достигнат прагот од 5 отсто. Исто така, Вашингтон ја отвори својата прва постојана ракетна база во Полска минатата година и одржува воено присуство од околу 10.000 војници, со дополнителна финансиска поддршка во вредност од 288 милиони долари за зајакнување на одбранбените капацитети.

Сепак, односите на Трамп со сојузниците отсекогаш биле прагматични и трансакциски, а некои аналитичари веруваат дека Дуда патувал во Вашингтон повеќе од домашни политички причини отколку поради конкретни дипломатски достигнувања. Како што се приближуваат претседателските избори во Полска во мај, неговата блискост со Трамп би можела да влијание кај електоратот, особено кај конзервативните гласачи.

Блискиот пријател и деловен партнер на Трамп, Елон Маск, исто така се повеќе се вклучува во европската политика, што предизвика загриженост кај пролибералните сили во Полска. Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски претходно предупреди за можните обиди на Маск да влијае на изборите преку платформата „Х“, додека потпретседателот на Трамп Џеј Ди Венс ги бранеше политичките ставови на Маск на неодамнешната конференција за безбедност во Минхен.

Дополнително, Дуда неодамна разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека без поддршка од САД, не постои реален начин да се постигне траен мир во Украина. Притоа, тој го охрабри да се вклучи во „мирна и конструктивна соработка“ со Трамп, што некои го протолкуваа како знак дека идниот американски притисок врз Киев може да резултира со компромиси на штета на Украина.

И покрај се, посетата на Дуда на САД не беше залудна, барем од перспектива на полската конзервативна политика. Останува да се види дали неговите напори во Вашингтон ќе вродат со плод пред претседателските избори во Полска и дали Трамп ќе продолжи да ги зајакнува полско-американските односи или да ги редефинира во согласност со сопствените политички приоритети.

Слични содржини