Протест пред вилата на милијардерот Безос: „Го направивме најбогатиот човек во светот“ (видео)

од Nikola Popovski

Сегашни и поранешни работници во Амазон и активисти за работнички права протестираа пред скапата вила на основачот и директор на компанијата, Џеф Безос. Тие бараат повисоки плати, подобри бенефиции и построга заштита при работа во магацините на компанијата, пред се од инфекција со коронавирус.

Протестот се одржал пред вилтаа вредна 165 милиони долари, во Беверли Хилс, Калифорнија.

Стотици поранешни работници и активисти дојшле во раскошниот имот што Безос го купи на почетокот на оваа година од познатиот основач на дискографската куќа „Гефен рекордс“ и филмското студио „ДримВоркс“, Дејвид Гефен.

Протестот го водел работник кој добил отказ откако го организирал протестот

Протестот бил организиран од Конгресот на суштинските работници, основан од поранешниот работник во Амазон, Кристијан Смолс, кој бил отпуштен во март откако зборувал против условите за работа и организирал протести.

Иако Амазон тврди дека Смолс бил отпуштен поради кршење на нивните мерки за карантин, внатрешниот документ, во меѓувреме, излегол од адвокатот на Амазон, Давид Заполски, го опишува Смолс како Афроамериканец кој „не е паметен и не артикулира добро“.

Документот препорачува Смолс да биде главна цел на борбата на „Амазон“ против синдикалната организација на нејзините работници, пренесуваат американските медиуми.

Го направивме најбогатиот човек на светот

На протестот тие го извикувалр името на Безос и паролите „без правда нема мир“ и „ако не добиеме, ќе ја затвориме (компанијата)“. Во својот говор, Смолс ги повикал луѓето да ја откажат претплатата на стриминг сервисот „Амазон премиер“ во знак на солидарност со работниците.

„Не ви треба Џеф Безос. Ние сме му неопходни нему. Го направивме најбогатиот човек на светот“, им рекол Смолс на работниците.

На протестот, работниците побарале бесплатна социјална заштита за децата на работниците, здравствено осигурување и акции за работниците, минимална плата од 30 долари на час и затворање на магацините каде избувнала инфекцијата со Ковид-19, пишува порталот „Вајс њуз“.

Тие исто така побарале враќање на додатокот на плата за ризик од инфекција во износ од 2 долари на час до крајот на пандемијата, која „Амазон“ ја укина на крајот на јуни.

Безос не е само најбогата личност во светот, според највисоката листа на Форбс за најбогати, туку и првиот милијардер чие богатство надмина неверојатна сума од 200 милијарди долари.

Слични содржини