Кога ќе погледнете кон таванот на базиликата „Свети Франциско“ во гратчето Асизи во Италија, сигурно не очекувате да го видите лицето на ѓаволот.
Сепак, во фреската на куполата на црквата токму ликот на Луцифер е скриен меѓу облаците.
Ренесансните уметници имале чудна смисла за хумор. Микеланџело во Систинската капела скрил мноштво „тајни знаци за предноста на науката пред верата“, а Леонардо скрил – жена во „Тајната вечера”.
Слично на тоа, и познатиот сликар Џиото во 13. век го сместил ѓаволот во сликата што ја опишува смртта на Свети Франциско од Асизи, но така што ако не се доближите до таванот, нема да го забележите.