Процедурата е едноставна и безбедна: За првпат воведена е-трговија во Пошта

од Берта Китинска

АД „Пошта на Македонија“ викендов ја пилотира опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адреса, а за време и по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

-Процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани граѓани за користење на оваа услуга потребно е да ја посетат официјалната веб страна на Пошта: www.posta.com.mk. Понатаму тие одбираат еден или повеќе од понудените подароци, внесуваат свои, како и контакт податоци, вклучително и адреса каде сакаат да биде доставен подарокот. Дополнително, постои и можност за пишување и на персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.

Наплатата е целосно безбедна, а се одвива преку онлајн системот на деловниот партнер на Пошта, Халкбанк. Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.

Ова е првпат националната Пошта да овозможува ваква опција, а целта и фокусот и во следниот период ќе биде дигитализацијата на целокупниот процес на услуги на Пошта, каде е-трговијата ќе зазема еден од централните улоги.

Процесот на подобрување на работењето на Пошта во иднина сè повеќе ќе се заснова на користењето на современи дигитални алатки, како и преку засилена соработка со поштите од регионот, но и преку меѓународната поддршка која како компанија ја очекуваме, се наведува во соопштението.

loading...

Слични содржини