Процеси во организмот кои не можат без состојките од млекото

од Vladimir Zorba

Млекото важи за комплетен и здрав напиток за сите возрасти. Особено е нагласена потребата од консумирање млеко кај малите деца поради придобивките за нивниот раст и развој, но млекото е исклучително корисно и за тинејџерите и за возрасните.

Кои се виталните процеси во кои состојките од млекото имаат клучна улога?

Создавање и одржување коскена маса

Калциумот кој го има во млекото е минерал кој е одговорен за градбата на коските и забите каде е складиран околу 99% од калциумот во човечкото тело. Со секоја чаша млеко се внесува близу 285 мг. калциум што исполнува над 20% од дневните потреби на калциум. Во млекото има и фосфор, калиум, протеини и витамин К2, хранливи материи кои се важни за одржување на силни и здрави коски. Млечните протеини сочинуваат околу 50% од волуменот на коските и околу една третина од коскената маса и со тоа се клучна хранлива материја за здравјето на коските. Така, консумирањето повеќе протеини од овој вид може да заштити од губење коскена маса.

Градба и репарирање на мускулно ткиво

Протеините во млекото се околу 20 проценти сурутка и 80 проценти казеин. И двата вида се високо квалитетни протеини, но сурутката е позната како „брз протеин“ затоа што брзо се разградува во аминокиселини и се апсорбира во крвотокот. Аминокиселините се особено корисни за градење на мускулите, спречување на губење на мускулната маса и обезбедување енергија за време на вежбање.

Регулирање на крвен притисок

Калиумот ги релаксира ѕидовите на крвните садови, го намалува крвниот притисок и штити од грчеви во мускулите. Голем број студии покажуваат поврзаност помеѓу нискиот внес на калиум и зголемениот крвен притисок а со него и ризик од мозочен удар. Една чаша млеко содржи 300 до 400мг калиум, во зависност од видот на млекото.

Апсорпција на калциум

Повеќе процеси во телото имаат потреба од калциум и ако не се внесува доволно, телото зема од складираните количини во коските, што ја ослабува постојната коска и спречува формирање на силни коски. Улогата на витаминот Д при овој процес е максимална апсорбција на калциумот во коските. Млекото збогатено со витамин Д е одличен избор за внес на овој витамин, особено во зимските денови кога немаме доволна изложеност на сончеви зраци.

Сите овие придобивки од млекото се зголемуваат со збогатениот состав на некои млека, како што е Битолското млеко со 10 витамини, или пак Свежото битолско млеко збогатено со Д3. За да се добијат целосните придобивки од млекото, вклучително и деветте основни хранливи состојки кои тоа ги содржи, треба да се консумираат три чаши млеко секој ден.

Слични содржини