Прв пораз на Трамп на прелиминарните избори, Хејли убедливо го победи во Вашингтон

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Поранешната американска амбасадорка во ОН, Ники Хејли ја извојува првата победа над поранешниот американски претседател Доналд Трамп на прелиминарните избори за претседател на Републиканската партија во Вашингтон.

Хејли победи со 62,86 отсто од гласовите наспроти 33,22 отсто на Трамп, објави доцна во неделата Републиканската партија. Гласаа вкупно 2.035 републиканци.

Хејли, која е поумерена од Трамп, сè уште се смета дека има мали шанси на крајот да го совлада поранешниот претседател за да ја обезбеди номинацијата на републиканците.

Трамп досега победи на сите првични избори, вклучувајќи ја и родната држава на Хејли, Јужна Каролина. Речиси е сигурно дека ќе му се спротивстави на претседателот Џозеф Бајден на претседателските избори во ноември.

Вашингтон е урбана област, со релативно висок процент на жители со високо образование, додека базите на Трамп се рурални области со помалку образовано население.

Слични содржини