Прва американска држава која пријави нула смртни случаи од корона

од Stefanija Kuzmanovska

По целосното отворање, укинување на мерките и одржување на голф турнир и национално првенство во фудбал, настан на кој присуствуваа голем број на гледачи, гувернерот на Тексас, Грег Абот, објави дека државата нема смртни случаи поврзани со ковид и дека седумдневната стапка на позитивност е најниска од кога се водат евиденциите.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот предизвика бура во Конгресот кога на 2 март годинава објави дека целосно ќе ја отвори државата. Приближно во исто време, беше одлучено и Мисисипи целосно да се отвори.

Идејата беше луѓето да се навикнат на нормалниот живот, вклучително и работата на компаниите со полн капацитет и спортски арени полни со навивачи, отворање училишта …

Американскиот претседател Џо Бајден ги нарече ваквите планови „размислување на неандерталец“, пренесува „Њузвик“.

Слични содржини