Прва Барби кукла со хиџаб

од desk2
122 прегледи

Олимпијката Ибтихај Мухамад доби Барби кукла која е изработена во нејзина чест и тоа е воедно првата Барби со хиџаб на светот. Ова е втор пат Мухамад да испишува историја. Имено, лани учествуваше на Олимписките игри за тимот на САД и стана прва спортистка која носеше хиџаб на натпреварите.

Сега стана инспирација за нова Барби кукла, прва која носи хиџаб.

Куклата е најавена во понеделникот на самитот Glamour Women of the Year каде Мохамад беше гостин на програмата Barbie Shero која им оддава признание на пионерите и иноваторите.

Куклата ќе биде достапна во есен следната година.