Прва расистичка навреда за Меган Маркл од кралското семејство

од desk2
119 прегледи

Принцезата Мишел од Кент, член на британското кралско семејство, се извини на јавноста затоа што на расистичка основа ја навредила актерка Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари.

Членот на британското кралско семејство се извини за носење на навредлив накит на божиќниот ручек во дворецот Бакингем во присуство на Меган Маркл. Имено, таа го украси нејзиниот стил со брош која го прикажува минијатурната биста на африкански жени украсени со злато и шарени скапоцени камења.

Јавноста смета дека ова е директен престап за американската актерка од афро-американско потекло.

“Принцезата Мишел се извинува и е многу вознемирена поради тоа што овој чин предизвика јавна навреда”, рече тимот, додавајќи дека оваа брошот е носен “многу пати порано”.

Брошот што го носела принцезата била направена во европскиот стил на уметност кој датира од 16 век и ги опишува телата и лицата на луѓето со темната кожа од Северна Африка и од Блискиот Исток. Денес, стилот на накит дизајниран со овие мотиви се смета за навредлив за црните луѓе, алудирајќи на ропство.

Инаку, ова не е првпат принцезата да биде обвинета за расизам. Во 2004 година, во ресторан во Њујорк, викна: “Врати се на своите колонии” до афроамериканското друштво кое седело до нив.

https://twitter.com/girl_ninja/status/943633791322648577