Прва реакција на Кина по експлозијата во Полска

од Stefanija Kuzmanovska

Бројни реакции пристигнуваат откако Полска беше погодена со ракети од непозната страна. По тој повод се огласи и Кина.

Кина повика на „мир и воздржаност“ поради инцидентот во Полска.

„Сите страни треба да останат смирени и воздржани во моменталните околности“, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг за медиумите во средата, осврнувајќи се на експлозијата во која загинаа две лица во Полска, пишува „Гардијан“.

Слични содржини