Првата дама го воодушеви светот: Моника Бабишова ја нарекуваат европската Меланија (фото)

од desk2
204 прегледи

Моника Бабишова, сопругата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, не престанува да го привлекува вниманието на медиумите.

Овој пат сите ги воодушеви која се појави на комеморацијата од стогодишнината од крајот Првата светска војна.

Моника, која има словачко потекло за овој настан имала подготвено две комбинации – црвен фустан со отворени рамена и сив миди фустан со кој ги истакнала нејзините занесни облини.

Токму поради чувството за мода, цврстиот став и манирите, Моника многумина ја споредуваат со Меланија Трамп.

https://www.instagram.com/p/BqAr9VpHFWO/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, многумина не знаат дека всушност и оваа убавица порано чекорела по модните писти, исто како и сопругата на американскиот претседател.

Моника денеска има 43 години и е дури 20 години помлада од сопругот Андреј и се занимава со дизајн на ентериер.

Нејзиниот раскошен живот предизвикува многу негативни коментари на кои очигледно останала имуна.

Таа своевремено ги прокоментирала низата критики кои ги добила поради нејзиниот начин на живот.

https://www.instagram.com/p/BaTBOlGB3Sz/?utm_source=ig_embed

„Секогаш трошев многу пари на облека, а откако Андреј стана премиер уште повеќе. Морам да водам сметка што носам. Но, доколку некоја облека е многу скапа, секогаш прво го прашувам него за дозвола. Не знам колку точно трошам на гардероба и не сакам да знам“ – истакнала во едно интервју.

Освен луксузот, Моника се најде на мета на критики и поради изборот на својот партнер кој е многу постар од неа.

Како што е познато, атрактивната русокоса денешниот сопруг го запознала додека работела како негова секретарка и повремено работела како манекенка. Сепак, романтичната врска ја започнале нешто подоцна со оглед на тоа дека тогаш и двајцата биле во брак.

https://www.instagram.com/p/BolklZvlxBU/?utm_source=ig_embed

„Навикнав на тоа луѓето да мислат дека со него сум само поради парите, 20 години е постар од мене, па луѓето обично тоа прво го мислат кога ќе не видат заедно. Но, кога се запознавме пред 23 години, Андреј беше само директор на една компанија, имаше директорска плата, а не милиони и милијарди“ – изјавила Бабишова во своја одбрана.

Таа додала дека во среќен брак се повеќе од две децении и оти имаат две деца.