Првата светска војна низ бројки – 100 години по завршувањето

од desk2
1,2K прегледи

Германија и Русија имаат најголем број загинати и повредени во Првата светска војна, која заврши пред 100 години на 11 ноември. Што велат бројките за војната?

Бидејќи нема релевантни статистики за војната која траеше 52 месеци пред еден век, многу е тешко да се пресметаат бројките, но сепак постојат некои податоци со кои се сложуваат историчарите.

AFP направи компилација од најприфатливите бојки за Големата војна.

Повеќе од 70 нации

Дури и оваа бројка е замрсена, која вели дека повеќе од 70 нации кои постојат денес учествувале во конфликтот, иако многу од нив биле во рамки на тогашните држави како Австро-Унгарија, Британија, Франција, Германија, Русија и во Отоманската империја.

Дузина независни нации влегле во војната кога таа почнала во 1914 година, а останатите подоцна, како Италија која во 1915 година влегла во војна, а САД дури во 1917 година.

Заедно, завојуваните страни учествувале со повеле од 800 милиони луѓе, што било половина од популацијата на светот во тоа време.

Само околу 20 земји на Земјата останале неутрални за време на конфликтот, а повеќето од нив во Латинска Америка и северот на Европа.

70 милиони трупи

Околу 20 милиони мажи биле мобилизирани на почетокот на војната, а бројката пораснала до 70 милиони како војната се зголемувала и се ширела.

Имано 8 милиони војници од Франција, 13 милиони од Германија, 9 милиони од Австро-Унгарија и 6 милиони од Италија.

Британија испратила 9 милиони мажи, вклучително и трупи од целата Британска империја, меѓу кои и Индија. САД вклучила 4 милиони војници.

10 милиони војници се убиени

Германија и Русија имаат најголем број изгубени животи и повредени учесници во војната, со 10 милиони војници убиени, а двојно повеќе ранети.

 

Листа на жртви:
Русија: 2 милиони мртви, 5 милиони повредени
Германија 2 милиони мртви, 4,2 милиони повредени
Франција; 1,4 милиони мртви, 4,2 милиони повредени
Австро-Унгарија: 1,4 милиони мртви, 3,6 милиони повредени
Британија и империјата: 960.000 мртви, 2 милиони повредени
Италија: 600.000 мртви, 1 милион повредени
Отоманската империја: 800.000 мртви
САД: 117.000 мртви

Србија има најмногу жртви во соодност со големината на нејзината армија во тоа време, со 130.000 мртви и 135.000 ранети, или три-четвртини од нејзините сили.

Артилерискиото оружје предизвикало 70 отсто од жртвите во борбите, по што помеѓу 5 и 6 милиони луѓе останале инвалиди.

Во конфликтот прв пат е употребено хемиско оружје кога германските сили пушти гас хлорин во Ипрес во Белгија во 1915 година.

Токсичниот гас однесе 20.000 животи.

Милиони цивили загинаа

Меѓу 5 и 10 милиони цивили цивили се смета дека биле убиени во војната или имале последици од неа, но многу е тешко да се одреди точната бројка.

Бројката е добиена од оние кои се убиени во борбите, како и при раселување на народот, како и од цивилните судири во Русија, источна Европа и Турција.

Некои историчари излегуваат со бројка од 1,2- 1,5 милиони Ерменци кои се масакрирани во Отоманското царство.

Епидемијата на шпански грип која почан и се рашири кон крајот на војната уби десетици милиони луѓе во Европа.

Други бројки

– Имаше 6 милиони затвореници во војната

– До 1915 година 20 милиони цивили живееја под окупација на Германија, Австро-Унгарија и Бугарија. Повеќето од Белгија, Франција, Полсла и Србија.

– Војната остави 10 милиони бегалци во Европа

– Три милиони жени останаа вдовици, а 6 милиони деца сираци

– Околу 1.3 милијарди експлозивни средства беа употребени за време на војната

– околу 10 милијарди писма и пакети беа разменети помеѓу завојуваните страни на фронтот и нивните сакани дома

– Се проценува дека војната чинела колку три или четири БДП-а на сите европски играчи заедно, а кои останале уништени по војната.