Албанија во понеделникот ги потврди првите два случаи на коронавирусот, а се работи за син и татко кои се вратиле од Италија.
И двајцата се стабилни и немаат никакви компликации, објави албанскиот министер за здравство.

Пред да ги потврдат првите два случаи на Ковид-19, здравствените работници во таа земја тестирале приближно 60 примероци, меѓу кои немало знаци на инфекција.
Повеќе од 400.000 Албанци живеат во соседна Италија.