ПРВИ СНИМКИ по земјотресот во Турција: Голем број луѓе излегоа на улиците, се слушаат сирени

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди источна Турција, соопшти веб-страницата EMSC.

Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот е на десет километри од градот Малатија, кој исто така беше тешко погоден од земјотресот што во февруари годинава го погоди истокот на оваа земја и Сирија.

Од друга страна, според информациите на турскиот АФАД, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени, а се случил вечерва во 20 часот и 48 минути, на длабочина од 7 километри.

Селахатин Гуркан, градоначалникот на општина Малатја, зборуваше за Си-Ен-Ен Турк, кој потврди дека земјотресот бил силен, а оваа општина синоќа ја погодил уште еден земјотрес, со јачина од 4,3 степени.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки по земјотесот на кои можат да забележат многу луѓе на улиците кои испаничено стојат пред своите домови, како и да се чујат сирените на брзата помош.

Слични содржини