Првпат во јавност по притворањето: Камчев треба да сведочи за „Меѓународен сојуз”

од Берта Китинска

Денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да се одржи ново рочиште за предметот „Меѓународен сојуз”.

Судијката Софче Ефремова, на минатото рочиште најави дека на ова рочиште е предвидено да сведочат лицата Јордан Камчев и Агапи Дика. Воедно таа посочи дека судот е известен дека барањето на обвинетиот Бојан Јовановски, за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, е одбиено како неосновано.

Ова нема да биде прво сведочење на Камчев во предмет против Бојан Јовановски. Бизнисменот беше и еден од клучните свевоци во аферата „Рекет“.За истрагата со атрактивните парцели на Водно, бизнисменот во неделата беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) достави белешка дека се подготвува за бегство. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара, а судот му одреди 30-дневен притвор.

Освен Јовановски, во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Слични содржини