ПСЖ ќе преговара и со Жардим

од Vladimir Zorba

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, е една од опциите за преземање на кормилото во Пари Сен Жермен, извести „Ле Паризиен“.

Португалскиот специјалист веќе бил баран од луѓе од раководството на „принцовите“.

Сегашниот тренер на францускиот тим се очекува да поднесе оставка на крајот од сезоната.

Леонардо Жардим изјави пред одреден период дека се чувствува одлично во Монако.

Португалецот нема намера да замине, но Пари Сен Жермен подготвува сериозна понуда, која може и да го предомисли.

Слични содржини