Пукање пред основно училиште во Србија: Убиено младо момче

од Stefanija Kuzmanovska

Едно момче е убиено, а друго повредено во пукање кое што се случило синоќа околу полноќ пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог, Србија, јавува „Телеграф.рс“.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската итна помош, првиот повик бил примен 17 минути по полноќ од полицијата. Тогаш вработените во брзата помош пронашле момче без свест кое во тешка состојба било пренесено во болница.

Следниот повик дошол 51 минута по полноќ, кога полицијата пронашла уште еден млад човек во несвест. Екипата на брзата помош констатирала смрт на младиот човек на лице место.

„Телеграф.рс“ наведува дека младиот човек бил застрелан во главата и дека мотивот не е познат, но најверојатно се работи за нерасчистени сметки од претходно.

Полицијата синоќа изврши опсежна акција, блокиран е целиот Футог, како и сите излези од Нови Сад.

Слични содржини