Пукна љубовта: Се разведува омилениот внук на кралицата Елизабета

Питер Филипс, внукот на кралицата Елизабета, се разведува од својата сопруга Аутмун Филипс по 12 години брак. Парот има две деца, Савана (9) и Исла (7).

Питер работи како маркетиншки консултант, својата сопруга ја запознал на Големата награда Канада во Монтреал, нејзиниот роден град. Се венчаа во 2008 година. Магазинот Пипл во една прилика истакна дека Питер, кога се родил, бил петти во редот за престолот, но сега е паднат на 15 место. Покрај тоа, Мирор пишува деа Питер е омилен внук на кралицата.

ПИтер и Аутмун немаат кралски титули и не се смеетаат за работни членови на кралското семејство. Кралицата им понудила почесни титули, која принцезата Ана (мајката на Питер и ќерка на кралицата) ги одбила, па нејзините деца Питер Филипс и Зара Тиндал израснале без титули. Нивниот татко, капетанот Марк Филипс, бил обичен човек кога се оженил со принцезата Ана, па и тој ја одбил титулата од кралицата.

Бакингемската палата не издала службена изјава за разводот, пренесува InStyle.

Слични содржини